Ќе има пресврт: Баерн (М) е пред потпишување нов договор со Дејвис?

110

Баерн има значителен напредок во преговорите со Алфонсо Дејвис, тврди германскиот новинар Флоријан Плетенберг. Според него, страните постигнале напредок во преговорите.

Веќе се разговарало за клучните бројки, но треба да се разјаснат некои детали. Плетенберг забележува дека фудбалерот направил значителни отстапки по прашањето за платата. Во моментов прашањето не е целосно затворено, а до Божиќ треба да има дополнителни преговори.

ПретходноМеси во Мајами на отворањето на Светското клупско првенство против Ал Ахли
СледноПерез: Колку пати да кажам дека и следната година ќе возам за ред Бул?