Новото коло во Премиер лигата утре ќе го биде отворено со дербито на Ливерпул и Евертон. „Карамелите“ веројатно последен пат го играат овој дуел на својто стар стадион затоа што од идната сезона ќе настапуваат на новоизградениот.
Како најава за дуелот денеска на официјална прес конференција излезе тренерот на Ливероул, Арен Слот. „Редси“ се во сериозен залет, добиваат секој и секого, што во домашниот шампионат, што во Лигата на Шампионите, па евентуален неуспех утре ќе биде рамен на катастрофа. Особено што Евертон сезонава игра лошо.
„Мислам дека ќе биде посебно за сите, навивачи, играчи, тренери. Да се биде дел од овој натпревар е посебно, особено со оглед на тоа што ќе биде последното дерби на Гудисон Парк. Убаво е кога ќе постигнете добар резултат и ние сме фокусирани на тоа. Треба да бидеме подготвени за тежок натпревар против добро организиран тим. Навивачите ќе имаат голем удел утре. Мора да бидеме подготвени. Мораме да бидеме агресивни на паметен начин“, прокоментира Слот па додаде.
„Ако играте за Ливерпул , секој ден има тензија, сите очекуваат многу од вас, да победите и да играте добар фудбал. Овие играчи се навикнати на тоа“, додаде тој.
Слот уште еднаш одби да ја коментира ситуацијата со Вирџил ван Дијк и неговиот договор што е на истек.