Барселона го решава проблемот со Олмо во зделка вредна 200 милиони евра

3328

Шпанските медиуми често го истакнуваат проблемот на Барселона со регистрацијата на Дани Олмо и Пау Виктор за вториот дел од сезоната. Каталонски Спорт сега наведува дека најверојатно е најдено решение кое ќе му донесе 200 милиони евра на водечкиот клуб од Ла Лига и ќе го реши тој проблем.

Поранешниот играч на Динамо во летниот преоден рок пристигна во Барселона од РБ Лајпциг во трансфер вреден 55 милиони евра, кој зголемен за бонуси ќе ја пробие границата од 60 милиони. Поради правилата за регистрација на играчи, Барселона би можела да искористи 80 отсто од издвоената сума за платите на повредените Роналд Араухо и Андреас Кристенсен за да ги регистрира Олмо и Пау Виктор. Во моментот на нивното опоравување, Барса мора да собере пари за Олмо и Виктор да го одиграат вториот дел од сезоната.

Шпанските медиуми пишуваа дека на клубот ќе му бидат потребни 50 милиони евра за продолжување на регистрацијата со важност до 31 декември. Спорт сега тврди дека преговара за „продажба на ВИП места на стадионот за периодот од следните 20 години, што треба веднаш да му донесе 200 милиони евра“.

Со тие пари не само што би се решил проблемот со Олмо и Виктор, туку клубот би можел да стане поактивен во зимскиот преоден рок и на тој начин да го освежи и засили составот во борбата за титулата шпански првак.

ПретходноБизарен танц на Арсен Венгер (ВИДЕО)
СледноГрем Потер пред кам-бек во Премиер-лига, бира меѓу два клуба!