Анчелоти: Мбапе нема секогаш да биде стартер

1414

Тимот на Реал Мадрид во моментов се мачи на резултатски план. Губи мечеви кои не смее да ги губи, со што си го поткопува статусот на претендент за првото место како во Примера, така и во Лигата на Шампионите.

Поразите од Ливерпул односно Атлетик Билбао само ја поткрепија оваа ситуација, а фактот што Килијан Мбапе промаши пенали и на обата мечеви во клучните моменти, ја прави исата уште по специфична.

„Тој е свесен за работите. За ова е показател и објавата што ја објави по натпреварот на социјалните мрежи. Ние стоиме покрај него и го поддржуваме. Мбапе, како и многу други во тимот, не го покажува најдоброто од себе. Но, тој прави се што е во негова моќ да ги сврти работите. Мислам дека во моментов му недостасува конзистентност, а тоа полека доаѓа“ – рече тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, на официјалната прес конференција пред утрешниот меч против Џирона од новото коло во Примера па додаде. 

„Ги анализираме работите и според тоа носиме одлуки. Мислам дека во целина тој станува подобар. Против Гетафем Мбапе истрча 600 метри со максимална брзина, а против Атлетик 500 метри. Таков играч ви е потребен но тоа не значи дека ќе игра секогаш и во секое време. Кога промашувате пенали, важно е да ја задржите вашата мотивација бидејќи порано или подоцна тој тежок момент ќе помине – рече Анчелоти.

 

 

 

ПретходноРаул Паула собира минути за Нац Бреда но и за Германија
СледноФФМ ја закажа куп ждрепката за во вторник