Бекам носи спектакуларно засилување од Манчестер Сити

1228

Интер Мајами и оваа сезона не успеа да стане шампион на Соединетите Американски Држави, кој шокантно беше елиминиран во првото коло од плеј-офот, а Дејвид Бекам сака дополнително да го засили тимот во зима и подготвува уште едно спектакуларно засилување.

Интер во изминатите неколку години донесе огромни засилувања, а секако, покрај Лионел Меси, главни ѕвезди во тимот се Луис Суарез, Жорди Алба и Серхио Бускетс.

Иако клубот од Мајами одигра добро во регуларниот дел од сезоната и беше првопласиран во Источната конференција, на крајот беше елиминиран уште во првото коло од плеј-офот бидејќи Атланта успеа да направи сензација.

Во Интер се многу разочарани од таквиот расплет, а Бекам и неговите колеги сакаат да направат се овој клуб следната сезона да стане шампион на Америка. Додека трае зимската пауза пред новата сезона, Интер веќе работи со полна пареа и сега фокусот е на доведување нови засилувања.

Јасно е дека Интер нема да може многу во јануари, но очигледно Бекам го подготвува теренот за летото кога повторно сака да доведе неколку големи засилувања, а се знае кој е главната цел на сопственикот на клуб од Мајами.

Медиумите во Америка пишуваат дека Интер ќе се обиде да го доведе Кевин де Брујне и веруваат дека имаат одлична шанса Белгиецот да дојде во Мајами.

Договорот на Де Брујне со Манчестер Сити истекува на крајот од сезоната, а тој стана прва цел на Интер за следното лето. Бекам ќе почека уште малку за да види дали Де Брујне ќе го продолжи договорот со Граѓаните, но се чини дека веќе е јасно дека нема ништо од тоа.

Доколку се оди според планот, Интер веќе во јануари ќе стапи во контакт со белгискиот играч за врска и ќе му понуди повеќегодишен договор, а можноста да заигра во тимот со Меси сигурно тешко ќе ја одбие.

Де Брујне беше поврзуван и со неколку клубови од Саудиска Арабија кои би сакале да го видат во своите редови, но тој ја отфрли можноста да замине во таа земја и МЛС се чини дека е најреална опција за него.

Де Брујне исто така размислуваше за преселба во МЛС летово кога Сан Диего даде понуда и беше подготвен да го купи, но на крајот одлучи да остане во Сити до крајот на неговиот договор.

Де Брујне е свесен дека по истекот на договорот ќе биде во многу подобра позиција да избере клуб бидејќи никој нема да мора да плати отштета за него.

Иако за него се уште е заинтересиран Сан Диего, веќе на големо се шпекулира дека Интер Мајами е следната дестинација на искусниот Белгиец.

ПретходноЕХФ Европски Куп: Алкалоид денеска ќе го добие противникот за 1/8 финалето
СледноМитревски со најдобра трета одбрана и во дрим тимот за 10. коло во ЛШ (ВИДЕО)