На играчот за врска на Фиорентина, Едуардо Бове, кој што на мечот против Интер изминатиот викенд доживеа срцев удар вграден му е песмејкер. Играчот кој во моментов има 24. години беше опериран во клиниката Цареги во Фиренца.
Ова значи дека нему ќе му биде забрането да игра во Серија А, односно во Италија затоа што оваа лига забранува фудбалери професионално да се бават со вакви вградени помагала.
Ова значи дека на Бове многу веројатно ќе му биде раскинат договорот со Фиорентина, и тој ќе мора да продолжи во некоја друга лига. Тој ќе биде подложен на уште една операција, а докторите се сомневаат дека има миокардитис, односно воспаление на срцевиот мускул.