Вчера се одигра 10. коло во Лигата на шампионите, последно за оваа година. Во ова натпреварување следи пауза, а новите возбудувања продолжуваат во феверуари.
Во центарот на вниманието се најде поранешниот член на Вардар, Тимур Дибиров. Тој во поразот на ППД Загреб од Барселона (30-38) постигна осум гола со што дојде до бројката од 1.200 погодоци во Лигата на шампиони. Дибиров на вечната листа на стрелци се искачи на второто место пред Никола Карабатиќ, а зад лидерот Кирил Лазаров. Најдобриот македонски ракометар иако е во пензија, сепак неговото остваруавње засега останува недостижно. Лазаров во својата кариера во ЛШ постигна 1482 погодоци.