Дончиќ: Нормално дека ќе играм за Словенија на Евробаскетот 2025

173

Лука Дончиќ отворено изрази подготвеност за настап за словенечката репрезентација на Евробаскетот во 2025 година.

„Со нетрпение очекувам да играм за мојата земја. Секако дека ќе играм. Моја гордост и радост е да играм за мојата земја кога имам можност. Така што, ќе го направам тоа“, изјави ѕвездата на Далас.

Дончиќ ( 25) во кариерата не пропуштил ниту еден голем меѓународен турнир со Словенија. За својата селекција играше на Евробаскет 2017, на Олимписките квалификации 2021 и Олимписките игри во Токио, на Евробаскет 2022 и на Светското првенство во 2023 година, како и на Олимписките квалификации во 2024 година.

ПретходноПеп ќе се тепа со навивач на Ливерпул (ВИДЕО)
СледноБез главните ѕвезди во составот Пелистер го демолираше Бисинов