Женската ракометна репрезентација на Романија ја совлада Шведска со 25-23 во главната рунда на Европското првенство во Дебрецин. Оваа сензационална победа е една од најголемите победи во поновата историја на романската ракометна селекција.
Романија имаше 20 часа да ги наполни батериите по добриот, но фрустрирачки натпревар против светскиот шампион Франција, а добрата игра прикажана синоќа, денеска се потврди на дело. Романките го имаа најдоброто полувреме од завршниот турнир во кое водеа со четири гола разлика, а потоа успеаја да го задржат ритамот и да дојдат до посакуваната победа.
Бјанка Базалиу со 8 гола беше носител на играта на Романија, а исто така беше прогласена и за МВП на средбата.