Женските репрезентации на Македонија до 17 и до 19 години ги добија противниците за следните квалификации за ЕП

133
0

Откако вчера беше извршена ждрепката за У17 односно У19 конкуренциите за младинските фудбалски репрезентации за следниот квалификациски циклус, денеска во Нион, Швајцарија истото се случи и во женска конкуренција.

Нашите репрезентативки ги добија своите противници, од Б лигата, каде што во моментов се натпреваруваме. Квалификациите се за ЕП 2025 година. Вреди да се спомене дека за турнирот до 17 години сме домаќини.

Репрезентации до 17 години -лига Б

  1. Словенија
  2. Македонија
  3. Молдавија

Домаќин – Македонија од 6 до 12 март 2025(MD 06.03, 09.03,12.03)

Репрезентации до 19 години – лига Б

  1. Македонија
  2. Хрватска
  3. Ерменија
  4. Литванија

Домаќин Хрватска од 1-7 Април 2025 (MD 01.04, 04.04, 07.04)

ПретходноФФМ ја закажа куп ждрепката за во вторник
СледноБове со вграден песмејкер, не смее повеќе да игра во Серија А