Нигерискиот голгетер Адемола Лукман е херојот на Бергамо вечерва. Со неговиот гол во 87. минута, Аталанта стигна до голема победа над Милан во дербито на 15. коло во Серија А и барем до мечот на Наполи викендов, момците на Гасперини ќе бидат лидери на табелата.
Аталанта уште на стартот покажа дека е цврсто решена да нападне на три бода, па рано, уште во 12. минута со голот на Де Кетеларе дојде во водство од 1:0. Милан играше трпеливо и во 22. минута успеа да се врати со гол за израмнување. Мората погоди за израмнување (1:1), но Милан не успеа до крајот да дојде до втор гол.
Лукман во завршницата повторно ги фрли домашните навивачи во транс за победа од 2:1 и челно место на табелата.
Standings provided by Sofascore