А кој друг… Лионел Меси е прогласен за најдобар играч на изминатиот МЛС шампионат во САД.
Играчот на Интер Мајами сезонава досега постигна 20 голови, на што надодаде и 17 асистенции, и има само играч пред него на листата на најдобри стрелци. Тоа е Кристијан Бентеке од ДЦ Јунајтед.
Мега звездата очигледно во одлуката дали да замине на Блискиот Исток или во САД по напуштањето на ПСЖ го направи вистинскиот потег. Сеуште игра на до некаде високо ниво, а неговиот учинок сеуште е за сериозен респект.
Лионел Меси во моментов има 37 години и нема намера да се пензионира со оглед на тоа како игра во моментов и каква форма покажува во дресот на Интер Мајами.