Единствениот кандидат за претседателското место во Фудбалската федерација на Македонија на претстојното Вонредното изборно Собрание на 22 декември 2024 година, Масар Омерагиќ, денеска имаше и средба со раководството на Општинскиот фудбалски сојуз Битола.
Омерагиќ одржа работен состанок со фудбалските работници од овој град, со надеж за успешна соработка по изборот.