Раул Паула собира минути за Нац Бреда но и за Германија

1551

Македонскиот фудбалски национален тим резултатски е во нагорна линија. Одигра речиси перфектна Лига на Нации, без пораз, се искачи калило погоре во оваа конкуренција, а сега на 13 декември е ждрепката за новиот квалификациски циклус.

Па така, селекторот Благоја Милевски има за задача како и досега да го склопи најдоброто од Македонија во моментов, дали од сегашниот ростер или со новитети.

Од оние за кого се бориме во моментов и посакуваме да ги видиме во нашиот национален дрес, е офанзивецот на холандскиот Нац Бреда, Раул Паула. Момчето кое израсна во младинската школа на Штутгарт, е и младински репрезентативец на Германија, летово направи трансфер во Холандија и е сериозна карика во тимот на Нац.

Спортспорт веќе еднаш пишуваше за Паула како наше потенцијално засилување, а еве и зошто. Паула има во моментов државјанство на Германија затоа што е роден во Боблинген, но има и државјанство на Португалија. Сепак, неговата мајка е од Македонија поточно од Прилеп, и тука би се вмешале и ние како потенцијална опција за него.

До сега тој има настапи за У16, У17 и У18 селекциите за Германија, а е во моментов со статус на У20 репрезентативец. Секако ќе биде потребна процедура за промена на спортски пасош но за играч што на 20 години игра стандардно во Ередивизијата на Холандија, и е 2004 годиште вреди да се бориме.

 

ПретходноЗаврши хоророт за фудбалерот на Еквадор кој беше киднапиран минатиот викенд
СледноАнчелоти: Мбапе нема секогаш да биде стартер