Сопствениците на Ливерпул признаа: Немаме опции, мора да потпишеме нов договор со Салах

1861

Американската компанија Fenway Sports Group, која е сопственик на Ливерпул, како и другите членови на управниот одбор на клубот се повеќе се свесни за потребата од продолжување на договорот со 32-годишниот крилен напаѓач Мохамед Салах.

Според информациите од клубот, Fenway Sports Group признале дека во моментов е речиси невозможно да се разгледаат други опции освен да му се понуди на Салах договор кој ги исполнува неговите барања, бидејќи тој со својата игра и перформанси ја докажал својата вредност за тимот.

Раководството на Ливерпул стравува дека доколку му дозволат на египетскиот фудбалер да го напушти клубот на крајот на сезоната, ризикуваат да предизвикаат негативна реакција кај значителен дел од навивачите.

ПретходноФормула 1 ќе се вози во Кина до 2030 година, иако Кинезите нема да имаат свој пилот
СледноЛукман го фрли Бергамо во транс, Аталанта е лидер во Серија А (ВИДЕО)