Судии за ПМФЛ: Пилешков ќе го суди дербито под Шара, Трпчевски на “центарот“ во Кратово!

787

Во недела од 13 часот се играат натпреварите од 18.коло или последно есенско во оваа 2024/25 сезона. Дербито се игра под Шара каде Шкендија и Гостивар ќе решаваат кој ќе дојде до провизорната есенска титула, а тој меч ќе го суди Димитар Пилешков од Штип.

Во Кратово се среќаваат старите ривали Силекс и Вардар, на овој меч главен судија ќе биде Стојанче Трпчевски од Кавадарци.

Во продолжение можете да ги видите сите двојки и судии за ова 18.коло:

ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА ПМФЛ – 18.КОЛО (НЕДЕЛА – 13 Ч)

Кавадарци: Тиквеш – Брера (Игор Стојчевски – Скопје)

Скопје: Работнички – Пелистер (Александар Ставрев – Скопје)

Гостивар: Беса – Шкупи (Фуркан Идризи – Тетово)

Струга: Струга ТЛ – Воска (Александар Грујоски – Кичево)

Тетово: Шкендија – Гостивар (Димитар Пилешков – Штип)

Кратово: Силекс – Вардар (Стојанче Трпчевски – Кавадарци)

ПретходноХујсен го реши Тотенхем, нов триумф за Борнмут
СледноЧудесен трипл-дабл на Јокиќ: Го мина Меџик, но и го направи она на што се чекаше 63 години (ВИДЕО)