Големата награда на Кина во Формула 1 во Шангај ќе остане во календарот на натпреварувањето најмалку до 2030 година, откако организаторите потпишаа нов петгодишен договор со раководството на натпреварувањето.
Договорот со организаторите на трката во Кина првично беше потпишан во 2021 година и требаше да истече следната година. Откако Рубенс Баричело победи на првата трка пред 20 години, девет возачи победија во Кина, а од возачите кои се уште се натпреваруваат, Луис Хамилтон од Мерцедес има шест победи, а Фернандо Алонсо од Астон Мартин две.
Новиот договор го продолжува растот на популарноста на Формула 1 во Кина. Почнувајќи од следната година, Кина нема да има свој возач во шампионатот, бидејќи Гуанју Џоу не го продолжи договорот со Заубер.