Комисијата за натпреварување во рамки на Фудбалската федерација на Македонија денеска донесе одлука ждрепката по повод 1/4 финалните двојки во Купот на Македонија да се одри во вторник. На 10 декември во 15:00 часот во “Куќа на фудбалот”.
ФК Вардар, ФК Брера А.П., ФК Шкендија, ФК Струга Трим Љум, ФК Арсими, ФК Детонит Плачковица, ФК Силекс и ФК Гостивар се екипите кои изборија пласман во 1/4 финалето во Купот на Македонија и ќе бидат дел од ждребот во вторник.
Во оваа фаза, се игра еден натпревар, а според програмата мечевите ќе се одиграат на 26. февруари 2025 година со почеток во 14:00 часот.