Денвер загуби од Кливленд со 114:126, но главната приказна на вечерта во НБА е она што го направи Никола Јокиќ против најдобриот тим во лигата. Против Кавси оствари два подвизи во историјата на најсилната лига.
Натпреварот го заврши со 27 поени, 20 скока и 11 асистенции. Тоа е 139. трипл-дабл во кариерата на Јокиќ (29), со што го надмина Меџик Џонсон и се искачи на третото место на вечната листа на играчи со најпрестижни перформанси.
Congrats to Nikola Jokić of the @nuggets for moving to 3rd on the all-time TRIPLE-DOUBLES list! pic.twitter.com/2iR8f4GxM6
— NBA (@NBA) December 6, 2024
Со одличниот настап против Кавс, Јокиќ стана првиот играч од 1961 година кој стигнал до 500 поени, 200 скока и 150 асистенции во една сезона во НБА. За тоа му требаа само 20 натпревари.
Nikola Jokić’s 139th career triple-double:
🃏 27 PTS | 20 REB | 11 AST 🃏
He’s now THIRD on the all-time TRIPLE-DOUBLES list! 💫 pic.twitter.com/9kQsP8vnhK
— NBA (@NBA) December 6, 2024
Јокиќ го следеа Мајкл Портер со 24, Џамал Мареј со 19 и Арон Гордон со 18 поени. Кај Кавси, кои победија овој 20-ти пат со само три порази, Донован Мичел беше најдобар со 28 поени. Гарланд постигна 24 поени.
Nikola Jokic is the fastest player since 1961 to record 500 PTS, 200 REB, & 150 AST in a season. pic.twitter.com/52HWsniv6G
— Real Sports (@realapp_) December 6, 2024
Лука Дончиќ постигна 21 поен, имаше 10 скока и 10 асистенции, а Далас Маверикс го совлада Вашингтон Визардс со 137:101.
Кливленд – Денвер 128:114
Вашингтон – Далас 101:137
Њујорк – Шарлот 125:101
Торонто – Оклахома 92:129
Мемфис – Сакраменто 115:110
Њу Орлеанс- Феникс 126:124
Сан Антонио – Чикаго 124:139
Голден Стејт- Хјустон 99:93