Ракометарките на Унгарија ја продолжија победничката низа и во вториот круг на Европското првенство, откако вечерва беа безмилосни на мечот со Полска совладувајќи ја со 31:21.
Унгарките пред своја публика, едноставно, немаа достоен партнер во Полјачките, кои уште на стартот влегоа во негатива од 3-4 гола, која до полувремето достигна и минус 8 (17:9).
Во вториот дел Унгарија рутински го одржуваше стекнатото водство за трета победа во првата група и израмнување со Франција на лидерските две позиции. Вамос со 8 гола беше најефикасна на паркетот.