Алкалоид дојде до 13-тата победа во Супер-лигата, откако славеше против Бутел Скопје со убедливи 32-24 (16-15) во рамките на 14-то коло. Со овие бодови избраниците на Кирил Лазаров останаа на лидерската позиција, додека пак Бутел Скопје падна на шестото место, има скор од седум победи и исто толку порази.
Серафимов беше прв стрелец со шест гола, зад него беше Петковски со пет. Кај гостите Николов постигна девет гола.
Гостите добро се одржеа во првото полувреме во кое водеа и со три гола разлика (5-8 и 8-11), но Алкалоид полека го уриваше отпорот на противникот и на одморот дојде до минимална позитива од еден гол (16-15).
Во второто полувреме се смени сликата. Со серија од 5-0, Алкалоид на стартот на последните десет минут поведе со 27-19 и го најавија триумфот. На четири минути до крајот во редовите на домашниот тим се повреди Симоновски, кој беше однесен на раце на клупата.