НБА важи за најсилната лига во светот на кошарката, но важи и за лига во која ретки се моментите кога играчите имаат нешто да им кажат на судиите. Сепак се случуваат понекогаш и такви моменти кога некој кошаркар нема да биде задоволен од судиската одлука и ќе им покаже среден прст.
Ете тоа се случи утринава, по наше време, на средбата меѓу Сан Антонио и Милвоки, кога кошаркарот на “Спарс“ Зак Колинс изнервиран од една судиска одлука со среден прст ги “поздрави“ судиите.
Ова убаво може да се види подолу во видеото. Повеќе од јасно е дека Колинс не само што го очекува парична казна туку и суспензија.
Па пак нека се служи со непристојни гестикулации.