Шкендија, Силекс, Гостивар или Работнички: Утре ќе се решава кој до есенската титула?

231

Утре од 13 часот се играат мечевите од 18.коло или последно есенско во оваа тековна 2024/25 сезона во ПМФЛ Се разбира дека сите со нетрпение очекуваме кој на крајот, по тие 18 кола оваа есен, ќе презими како првопласиран на табелата па до средината на февруари ќе се перчи како лидер или есенски првак.

Има четири екипи со шанси за такво нешто, а тоа се Шкендија (36), Силекс (34), Гостивар (34) и Работнички (34).

Шкендија игра дома со Гостивар, Силекс го дочекува Вардар а Работнички игра дома со Пелистер.

СпортСпорт“ направи анализа за тоа на кој клуб што му треба во последното есенско коло за да дојде до провизорната есенска титула.

ТАБЕЛА

1.Шкендија 36 (+18)

2.Силекс 34 (+18)

3.Гостивар 34 (+17)

4.Работнички 34 (+15)

Што им треба да бидат есенски прваци:

ШКЕНДИЈА: Да го победи Гостивар и ќе биде есенски првак. На тетовци и бод им одговара, но тогаш Силекс не смее да победи против Вардар и Работнички не смее да победи со повеќе од три разлика.

СИЛЕКС: Да го победи Вардар, но да се надева дека во Тетово ќе биде реми или пак да победи Гостивар но со помала разлика од онаа во евентуалниот триумф на Силекс против Вардар и се разбира Работнички не сме да победи со 4-5 или повеќе голови против Пелистер.

ГОСТИВАР: Да ја победи Шкендија и да се надева дека Силекс нема да го победи Вардар со поголема разлика од таа на Гостивар и секако Работнички да не го победи Пелистер со 4-5 или повеќе голови.

РАБОТНИЧКИ: Овој тим има најмали шанси, но сепак има. На Работнички му треба најмалку реми во Тетово или победа на Гостивар, и Силекс може да победи, но на Работнички ќе му треба убедлива победа над Пелистер од најмалку три голови разлика. Идеално за тимот на Горан Станиќ би било реми во Тетово, реми или пораз на Силекс и победа на Работнички над Пелистер со 4:0.

-На крај да напоменеме дека сега се гледа, во случај на ист број бодови, кој има подобра гол – разлика, ако и тоа е исто тогаш кој има повеќе постигнато голови.

На крај, по завршувањето на 33 коло во мај ако две или повеќе екипи имаат ист број бодови тогаш ќе одлучуваат меѓусебните дуели.

Visited 1 times, 1 visit(s) today
ПретходноАлкалоид го пречекува Бутел, Вардар 1961 со Радовиш ќе се загрева за дербито!
СледноЗлатан: Халанд не е новиот Ибрахимовиќ, никако!