Денеска ќе се комплетира 14. коло во Супер-лигата. Најинтересна ќе биде пресметката меѓу Алкалоид и Бутел Скопје. Актуелниот освојувач на Купот на Македонија и Супер-Купот е домаќин, а дуелот е закажан со почеток во 17 часот.
Двата тима имаат одиграно седум официјални средби, на шест славел Алкалоид, а само една му припаднала на гостинскиот табор. Последната средба ја одиграа во септември, а избраниците на Кирил Лазаров славеа со седум гола разлика.
Алкалоид е лидер со 24 бода, исто колку и Вардар 1961, додека пак Бутел Скопје е петти со 14 бода.
Вардар 1961 пред дербито со Пелистер ќе се загрева на домашен терен против Радовиш, дуел кој почнува во 16 часот. Во истиот термин силите ќе ги одмерат Куманово и ГРК Тиквеш.
Колото ќе го затворат Пролет – Струга и ГРК Охрид – Прилеп.