Вардар 1961 убедливо против Радовиш, Тиквеш се намачи во Куманово

119

Вардар 1961 дојде до планирните бодови против Радовиш пред дерби дуелот со Пелистер. „Црвено-црните“ на домашен терен славеа со убедливи 33-12 во меч од 14-то коло во Супер-лигата.

Овој дуел беше решен после едно полувреме во кое домаќинот поведе со 19-9, а веќе во вториот дел гостите снемаа сила и постигнаа само три гола. Родригез имаше седум гола кај победникот, два помалку запиша Петриќ. На другата страна Петров, Јанковски, Трајанов и Ончев имаа по два гола.

Тиквеш едвај дојде до победа против Куманово на гостински терен, беше подобар со 26-29. Иако домаќинот беше само со 13 играчи во составот, сепак им правеше проблем на кавадарчани, кои отворија со 1-5, па водеа со 5-9 и 7-11, но потоа застанаа. Куманово не само што се врати туку и на момент поведе со 10-12. По 13-14 на одморот, домаќинот се охрабри и водеше со 15-17, постојано му вршеше притисок на Тиквеш, кој во финишот успеа да го урне отпорот на противникот, со серија од 3-0 дојде до целиот плен (26-29).

Темелковски имаше седум гола, додека Кривокапиќ пет кај кавадарчани, во редовите на Куманово, Димевски запиша 9 гола, додека Цветковски пет гола.

Тиквеш дојде до седмата победа, има едно реми и шест порази, но и шанса да се искачи на петтото место, ова зависи од крајниот резултат од мечот меѓу Алкалоид и Бутел Скопје.

ПретходноЏенова и Торино одиграа без голови
СледноБаерн ја покажа силата против Хајденхајм