Никогаш не е здодевно кога станува збор за Реал Мадрид, за најголемиот клуб во светот. Не секојдневно, туку на секој час во денот искачаат информации од таборот на “кралевите“ кои се супер интересни и не само за медиумите, туку и за фудбалските фанови ширум светот.
Па така најново е тоа што Винисиус мисли за евентуалното враќање на Зинедин Зидан, по третпат, на клупата на Реал Мадрид.
Познато е дека Карло Анчелоти по завршувањето на сезоната ќе биде бивши, а Зидан е еден од главните кандидати за неговото место.
По сите овие гласини свој коментар, односно своја порака до Дон Флорентино Перез имал и Винисиус Жуниор, кој меѓу редови му кажал на претседателот дека ако Зидан се врати во Реал тој ќе си оди.
Ова се поврзува со фактот дека Бразилецот е свесен од фактот дека со Зидан на клупата, Мбапе ќе биде главната ѕвезда во тимот а не Вини како што досега беше со Анчелоти на клупата.
Од друга страна Дон Флорентино никако не трпи закани, па може Винисиус да го снајде нешто што ниту во сон не се надевал.