Предмалку некомплетно заврши 15., воедно и последно коло од ВМФЛ шампионатот. По очајни терени и невидени за фудбал услови, второлигашите одиграа дуели со кои го одлучија распоредот на табелата барем до пролет.
Дербито во Куманово, каде што Башкими ја пречека Брегалница заврши со победа на домашните од 2:1.
Тимот на Аресими во Гостивар го демолираше Вардар Неготино со 5:1, додека пак Вардаррски и Осогово одиграа 2:1. Охрид на домашен терен лесно против Борец славеше со 4:1, додека пак, Новаци и Кожуф одиграа без голови.
Мечот помеѓу Беласица и Македонија ЃП доцнеше со почеток некој половина час, и сеуште се игра. Гостите водат со 0:2.
Мечот пак во Каменица помеѓу Саса и Скопје не се доигра и е прекинат при резултат 1:1. Прекинот настана во вториот дел поради напад врз гостинските претставници.
Новаци – Кожуф 0:0
Охрид Лихнидос 0 Борец 4:1
Вардаррски – Осогово 2:1
Каменица Саса – Скопје 1:1 (прекин)
Победа – Детонит 0:0
Башкими – Брегалница 2:1
Бекасица – Македонија ЃП
Аресими – Вардар 5:1