Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола по натпреварот со Кристал Палас (2:2) истакна дека веќе нема простор новинарите да го прашуваат за шампионската титула.
„Заработивме бод. Добро се боревме и двапати се враќавме. Ова е сезона за трпеливост. Да видиме како ќе се развива ситуацијата во последниот месец. Се обидовме. Мора да му оддадеме признание на противникот. Не можеме да зборуваме за шампионската трка кога губиме четири меча по ред и играме нерешено. Ќе се обидеме да се погрижиме играчите да се опорават. Ќе видиме што ќе се случува во текот на последниот месец. Навистина сум среќен за играчите – тие се бореа и дадоа се од себе“, рече Гвардиола.