По четири меча без победа, кошаркарите на Гостивар вечерва во меч од 9. коло од домашното првенство го совладаа Шкупи со 79:65 и успеаја да ја прокнижат само третата победа оваа сезона. Пред 100-тина гледачи во салата „Младост“, Гостивар беше доминантен на дуелот со Шкупи и успеа многу рано, уште во првото полувреме да обезбеди голема предност, која ја најави победата.
Гостиварчани водеа со 13 поени разлика по првиот дел (41:28), но не застанаа ниту во третиот период. Шкупи и во второто полувреме не успеа да се приближи до водството на домашните, па гостиварци лесно го приведоа мечот до победа.
Во составот на домашните Грушановиќ постигна 21 поени, додека кај гостите Американците Трибл и Вилијамс постигнаа по 15.