Лошите временски услови го одложија дербито во ПЛ, односно денеска нема да се игра градското дерби меѓу Евертон и Ливерпул кое беше закажано за 13.30 часот. Ова требаше да биде 245.меѓусебен меч на овие два култни клуба, но ете, денеска нема да се игра на голема жалост на фановите на двете екипи и воопшто на фановите на Премиер-лигата.
Ова официјално го потврдија од страна на ПЛ, како и од двата клуба. Допрва ќе се знае или закаже новиот термин на овој меч од 15.коло во Премиер-лигата.