Олимписката шампионка во спуст од Ванкувер 2010 година, Линдзи Вон, се врати на патеката за првпат по речиси шест години. 40-годишнaтa Американка возеше на патеката во Купер Маунтин, Колорадо.
Четирикратната победничка на Светскиот куп се пензионираше во 2019 година и беше оперирана во април, но се врати на тренинзи во последните месеци и во ноември објави дека ќе ја продолжи кариерата.
Вон заврши на 24. место од 45 скијачки на трката на која победи Миријам Пухнер од Австрија.