Луковиќ со тројка за победа на МКК Куманово, Кожуф сигурен со Феникс

129

Во драматичен и неизвесен меч до самиот крај, кошаркарите на МКК Куманово дојдоа до голема победа над Работнички во последниот денешен меч од 9. коло во домашното првенство. Луковиќ беше херој на кумановци, откако погоди тројка на две секунди до крајот на мечот и успеа да донесе победа од 85:83 за својот тим.

Работнички одигра одличен меч, но не успеа да ја задржи свежината во финалните 10 минути. Куманово ја чекаше својата шанса и успеа да слави.

Радукиќ со 31 поен беше лидер во домашниот тим, додека кај Работнички Дубински постигна 21.

Кошаркарите на Кожув ја оправдаа улогата на фаворит во мечот со Феникс 2010, и со доминантен настап во текот на сите 40 минути, дојдоа до петтиот триумф во сезоната со 86:73.

Уште во воведните десет минути, гевгеличани најавија дека не сакаат никакво изненадување во дуелот против екипата на Феникс 2010. На истекот од десетте минути, веќе имаа плус од 1 12 поени (27:15).

Пилепиќ и Стевановиќ покажаа дека се водечкиот двоец во играта на Кожув. Во тие три дела од мечот, искомбинираа 40 поени, но доста добра помош им дојде од младиот Колев, кој имаше 12 реализации (до крајот и 8 скока и 6 асистенции на влезот во последниот).  Но овојпат свој придонес во новиот успех за Кожув, петти во девет одиграни натпревари, дадоа и играчите од клупата за резервни што не беше случај на некои претходни натпревари.

Кај Феникс 2010, Митревски и Марфи имаа по 13 реализации, Шепард дополни со уште 12, а Димитриев со 11 поени.

ПретходноМанчестер Ј. тера по старо: Нотингем Ф. по 30 години славеше на „Олд Трафорд“
СледноАнтонио бил заробен во автомобилот 45 минути: Свесен е и останува под надзор на лекарите