Македонија ЃП е есенски шампион во ВМФЛ

457

Заврши последното коло од ВМФЛ шампионатот на Македонија за есенската полусезона. По 15. одиграни рунди заклучно со денеска, екипата на Македонија ЃП е есенски шампион во оваа конкуренција.

Предмалку во Струмица, на стадионот Благој Истатов, „Лавовите“ ја совлада Беласица со 0:4, и го осигураа првото место.

Со оглед на фактот што останатите мечеви од ова коло завршија нешто порано, ваквиот исход беше извесен. Башкими веќе ја совлада Брегалница со 2:1, конкурентот на МЃП за првото место, па на Лавовите им беше полесна задачата што се однесува до психолошкиот апсект.

Како и обично сезонава, стрелец на два гола за гостите беше Симеон Христов, кој до полувреме веќе донесе водство од 0:2, а во продолжението, по фаулот над Марио Станковски, сигурен реализатор на најстрогата казна беше Крсте Велкоски. Конечно во последните моменти од дуелот, самиот Станковски искористи една добра топка во длабочина и ги постави конечните 0:4 на овој меч.

 

 

ПретходноВМФЛ 15. коло: Башкими ја порази Брегалница, прекин во Каменица
СледноПрекинот во Каменица ќе биде службено регистриран за ФК Скопје