Во својата историја Барселона имала многу големи играчи, многу мега ѕвезди, но синоним и икона на каталонскиот клуб секако дека е Лео Меси. Аргентинецот не само што се прослави во Барса и стана најголемиот фудбалер во историјата туку на клубот му донесе голем број трофеи. Секако дека Меси беше дел од тимот кој според многумина е и најдобриот во историјата, заедно со Чави, Иниеста, Бускетс и другите.
Меси деновиве за “Мундо Депортиво“ даде големо интервју во кое тој кажа што мисли за сегашната Барса, за минатото, за сите оние играчи и тренери со кои работел во клубот, а сегашниот играч на Интер Мајами имаше посебна порака за фановите на Барса:
„Многу ми недостигаат, се надевам дека наскоро ќе се видиме“ посочи Лео.
За она што сака Барса да биде и во иднина Меси истакна:
“Се надевам дека Барса ќе биде тоа што некогаш беше. Да се бори за титули секоја сезона и да ги освојува. Не треба Барса да се задоволува со второ или трето место, треба да се освојуваат титулите во Ла Лига и ЛШ или да биде до последен момент во игра за нив. Мојата желба е Барса да се врати таму каде што некогаш била“.