МЗТ Скопје му гостува на ТФТ, Чаир на мегдан со Пелистер во Битола!

51

Деветтото коло од Првата „Мтел“ лига со себе носи навистина неколку и тоа интересни натпревари, кои ќе имаат и директно влијание на изгледот на табелата.

Водечкиот двоец, Чаир 2030 и ТФТ пред себе ги имаат ланските финалисти на плеј-офот.

Чаирчани имаат тешко гостување во Битола, каде во недела, од 18.30 часот, за противник го имаат Пелистер.

Екипа која во последниот период не прикажува добри игри, нема ниту резултат(и), и извесно ќе има дополнителни мотиви да го пронајде патот кон нешто подобро – победите.

Битолчани ги загубија и оние малку шанси да „презимат“ на Јадранот, па сега со стонастотен ангажман ќе им се посветат на следните предизвици, оние од домашен карактер.

Истото се однесува и за актуелниот бранител на шампионската титула.

МЗТ Скопје победи во Тиват, но остана без пласман во ТОП 8 фазата на АБА 2 лигата, што ослободува„ простор“ за максимум во обидите да се одбранат двете титули.

А овој викенд, поточно во сабота од 17.часот, ги чека нималку лесно гостување, макар било во СРЦ „кале“, каде играат против актуелниот ко-лидер на табелата, екипата на ТФТ.

Без понатамошни „мотиви“ на Јадранот (иако треба да одиграат уште еден меч, против Војводина во Скопје), се и кошаркарите на Работнички, кои во ова деветто коло патуваат за Куманово, каде во саботен термин (18.30 часот), во салата „Перо Наков“ ќе играат против дополнително мотивираниот МКК Куманово, кој во изминатото коло стигна до првата победа на гостински терен (совладан Шкупи во Скопје).

Неизвесност се очекува и во останатите три дуели од овој круг на натпреварите.

Во сабота, од 17.часот, во Гостивар гостува екипата на Шкупи, која еднаш веќе изненади, и победи во Битола, и тоа е знак за аларм за гостиварци дека во ниту еден случај не смеат да го потценат противникот.

Кожув е благ фаворит во мечот против Феникс 2010 кој го игра на домашен терен (во сабота од 18.часот), но тоа гевгеличани треба да го потврдат на теренот, против екипата која во претходното коло стигна до вториот успех (беше подобра од Гостивар).

Старт под очекувањата има и екипата на Тиквеш Голден Игл (само две победи во осум кола), која во недела од 18.часот, пред своите симпатизери во салата „Јасмин“ ќе има и веројатно,, најголема можност да стигне и до третата, затоа што пред себе го има тимот кој сеуште ја бара првата првенствена победа – Вардар.

ДВОЈКИ 9. КОЛО

7 декември (сабота) 17 часот:

ТФТ – МЗТ Скопје

Гостивар – Шкупи

18 часот:

Кожув – Феникс 2010

18.30 часот:

МКК Куманово – Работнички

8 декември (недела) 18 часот

Тиквеш – Вардар

18.30 часот

Пелистер – Чаир

ПретходноЗа првпат во кариерата: Миовски на мегдан со “кралевите“!
СледноАлкалоид го пречекува Бутел, Вардар 1961 со Радовиш ќе се загрева за дербито!