И натаму не стивнуваат препукувањата меѓу Пеп Гвардиола и Жозе Мурињо. Јасно е дека по се она што кажа “Специјачниот“ за Пеп, овој едвај чекаше да му возврати на Португалецот.
А се започна по оној пораз на Манчестер Сити од Ливерпул кога Пеп во неколку наврати, откако беше испоровоциран, покажа дека тој има шест титули во Премиер-лигата.
Мурињо, кој има три и сите со Челзи, на тоа напомена дка неговите се “чисти“ и дека не се обременети со обвиненија.
И на се ова Пеп посочи:
“На Жозе можам да му кажам дека сите сме невини додека не се докаже спротивното. Жалам ако сум го навредил, тоа беше само шега од моја страна. Сепак, тоа се фактите, јас имам шест трофеи во ПЛ а тој само три“.
Pep Guardiola: "I would say to Jose we are innocent until proven guilty! If I ever offend him I am so sorry but it was a joke. The fact is he has three, I have six! This is a fact!" pic.twitter.com/3Hg2j4kfSd
— BeanymanSports (@BeanymanSports) December 6, 2024