Поради повредата на скочниот зглоб која ја заработи синоќа на достувањето кај Аталанта, напаѓачот на Милан, Кристијан Пулишиќ ќе паузира најмалку десет дена, а можеби и повеќе.
Милан синоќешниот дуел го загуби, а оваа состојбата со Пулишиќ ја комплицира уште повеќе ситуацијата.
Американецот дефинтиивно нема да биде дел од тимот на Милан против Црвена Звезда во Лигата на Шампионите, а многу веројатно и против Џенова следниот викенд во Серија А.
Пулишиќ е во одлична форма затоа што постигна осум гола, а асистираше на шест сезонава.