Во првиот дуел од денешната програма од Примера, тимот на Лас Палмас на домашен терен со головите на Сандро Рамирес успеа да слави против тимот на Ваљадолид со конечни 2:1.
Најпрво во 21. минута, искусниот напаѓач ги доведе домашните во водство, кое не траеше предолго. Во последната минута од првиот дел, Маркос Андре погоди за 1:1.
Сепак, во 64. минута Рамирес повторно се наоѓа онаму каде што треба и уште еднаш му носи водство на домашниот тим. Овојпат Лас Палмас успеа да издржи и да ги освои трите бода.
Лас Палмас со овие три бода влегува во средината на табелата, додека Ваљадолид со само девет освоени бода го чека тешка битка за опстанок која со секое изминато коло изгледа се поневозможна.