Екипата на Манчестер Сити продолжува да раздава бодови што се вели насекаде сезонава во Премиер лигата. Последен кикс на Сити и на менаџерот Пеп Гвардиола се случи предмалку кога на гостувањето кај Кристал Палас е одиграно само 2:2. Иако и на овој меч како и на десетината претходно Сити важеше за огромен фаворит, сепак, како и на претходните мечеви тимот повторно не одигра на потребното ниво и повторно се загубени драгоцени бодови во битката за титулата.
По само четири минути игра шокот за Сити го донесе Муњоз. Водство за Палас. Халанд во 30. минута израмнува на 1:1, но повторно Палас доаѓа во водство преку Лакроа во 56. минута. Рико Луис спасува ситуација само две минути подоцна и израмнува на 2:2, но потоа прави втор жолт картон па Сити останува со десетмина. Шесте миниту до крајот не беа доволни гостинот да се совземе од овој шок, и мораше да се задоволи со еден освоен бод.
Во останатите два меча, Брендфорд одигра топ наптревар и го совлада Њукасл со конечни 4:2, додека пак Астон Вила полека се стабилизира со втора победа по ред овојпат над Саутемптон со 1:0.