ТФТ му го нанесе третиот пораз на шампионот (ФОТО)

135

Шампионот МЗТ Скопје А. го претрпе и третиот пораз во домашниот шампионат, откако денеска во дербито на 9. коло од Првата Мтел лига за губи на гости против ТФТ со 75:70. Домашните одигра аодличен меч и успеаја да го исконтролираат водството до самиот финиш на мечот, а МЗТ Скопје не успеа да најде одговор на добрата игра на ТФТ под кошевите.

Домашните одиграа одлична прва четвртина во која направија голема разлика од 8 поени, која подоцна се покажа и како основа за победата на ТФТ. МЗТ Скопје резултатски ги доби втората и четвртата четвртина, но минимално со по еден, односно два поени, што не можеше да ги спаси од пораз.

Говенс со 24 поени беше најефикасен кај ТФТ, каде Гафни имаше 14, а Николов 13 поени. Во составот на МЗТ Скопје, Војдан Стојановски постигна 13 поени.

Со овој пораз, МЗТ Скопје веќе сериозно заостанува зад ТФТ кој сега има две победи повеќе од шампионот.

ПретходноБутел Скопје издржа само едно полувреме против Алкалоид
СледноГостивар ја прекина серијата порази со триумф над Шкупи