Антонио бил заробен во автомобилот 45 минути: Свесен е и останува под надзор на лекарите

34320

Вест Хем Јунајтед излезе со соопштение во врска со здравствената состојба на нивниот играч Мајкл Антонио, кој доживеа сообраќајна несреќа. „Чеканите“ потврдија дека Мајкл Антонио е во стабилна состојба по сообраќајниот судир во Есекс попладнево.

„Мајкл е свесен, комуницира и моментално е под надзор на лекарите во болница во централен Лондон. Во овој тежок период, љубезно ги молиме сите да ја почитуваат приватноста на Мајкл и неговото семејство. Клубот нема да коментира повеќе денеска, но ќе објави дополнителни информации во догледно време“, се вели во соопштението.

Антонио наводно бил заробен во својот автомобил 45 минути пред конечно да биде изваден од пожарникарите.

ПретходноЛуковиќ со тројка за победа на МКК Куманово, Кожуф сигурен со Феникс
СледноЕвро 2024: Норвешка и Данска го запоседнаа врвот