ВМФЛ: “Лавовите“ најблиску до есенскиот трон, Брегалница со тешко гостување во Куманово

227

Денеска од 13 часот се играат сите осум средби од 15.коло или последно во есенската полусезона. Со тоа се става крај на оваа фудбалска година во ВМФЛ, а февруари да го дочека како првопласирана екипа, најголеми шанси има составот на Македонија ЃП. Имено “лавовите“ имаат 35 бода и гол разлика +22. Брегалница е втора со 32 бода, но и со само +13 гол разлика.

Тимот од Ѓорче гостува кај Беласица и со победа, па и со бод ќе дојде до есенскиот трон. Брегалница има тешко гостување и тоа кај Башкими. Штипјани ако сакаат да бидат први мора да победат кај Башкими а Македонија ЃП да биде поразена во Струмица.

Секако дека вреди да се напомене дека на крајот и првиот и вториот директно одат во ПМФЛ.

Во продолжение можете да ги видите сите двојки од денешното, последно коло во есенската полусезон во ВМФЛ:

ДВОЈКИ ЗА 15.КОЛО – ДЕНЕСКА (13 Ч)

Арсими – Вардар (Н)
Беласица – Македонија ЃП

Охрид – Борец

Башкими – Брегалница

Победа – Детонит

Новаци – Кожув

Саса – Скопје

Вардарски – Осогово

ТАБЕЛА

Македонија ЃП 35, Брегалница 33, Башкими 29, Арсими 26, Саса 24, Детонит 24, Кожув 21, Охрид 21, Скопје 19, Беласица 19, Новаци 17, Вардар (Н) 14, Победа 13, Осогово 8, Борец 5, Вардарски 2…

ПретходноПеп: Жалам ако сум го навредил Жозе, но тоа се фактите…јас имам шест титули во ПЛ а тој само три! (ВИДЕО)
СледноШокантно: И во НБА се покажува среден прст кон судиите! (ВИДЕО)