Норвежанките и го нанесоа првиот пораз на Холандија (31:21) во втората фаза на Европското првенство. Вечерва во Виена, скандинавките просто доминираа од првата до последната минута и не им оставија ни милиметар простор на противничките да направат некакво изненадување.
Норвешка на полувреме водеше со 6 гола разлика (15:9), а ништо подобро „лалињата“ не минаа ниту во вториот дел, каде Норвешка само дополнително ја зголеми предноста. Ова беше трета победа на Норвешка за убедлив пласман на врвот во групата.
Претходно, Данска во директната пресметка за една од првите три позиции во групата ја совлада Германија со 30:22, додека Словенките се вратија по поразот во првото коло од втората фаза, па денеска беа подобри од Швајцарија со 34:25.
Standings provided by Sofascore