Шокантно: И во НБА се покажува среден прст кон судиите! (ВИДЕО)

107

НБА важи за најсилната лига во светот на кошарката, но важи и за лига во која ретки се моментите кога играчите имаат нешто да им кажат на судиите. Сепак се случуваат понекогаш и такви моменти кога некој кошаркар нема да биде задоволен од судиската одлука и ќе им покаже среден прст.

Ете тоа се случи утринава, по наше време, на средбата меѓу Сан Антонио и Милвоки, кога кошаркарот на “Спарс“ Зак Колинс изнервиран од една судиска одлука со среден прст ги “поздрави“ судиите.

Ова убаво може да се види подолу во видеото. Повеќе од јасно е дека Колинс не само што го очекува парична казна туку и суспензија.

Па пак нека се служи со непристојни гестикулации.

ПретходноВМФЛ: “Лавовите“ најблиску до есенскиот трон, Брегалница со тешко гостување во Куманово
СледноДенеска нема да има битка за Ливерпул:Одложено е дербито во ПЛ!