Прекин во Каменица на дуелот Саса – Скопје, нападнати гостинските претставници!? (ВИДЕО)

1485

Мечот од второлигашката конкуренција 15. коло, воедно последно од сесенската полусезона, помеѓу екипите на Каменица Саса и Скопје во прекин.

На половина од второто полувреме, колку што може да се примети, нападнати се гостинските претставници при што дојде до општа тепачка покрај, но не и на теренот.
Мечот е прекинат и ќе видиме кога и дали ќе продолжи.

Во моментот на прекинот резултатот на мечот гласеше 1:1. Инаку како и на повеќето од терените низ ПМФЛ конкуренцијата во моментов, така и во Каменица условите за игра се очајни.

 

ПретходноГасперини: Заслужена победа, тоа го покажува статистиката
СледноВМФЛ 15. коло: Башкими ја порази Брегалница, прекин во Каменица