Јуве во 92. минута се спаси од пораз со Болоња

30

Екипите на Болоња и Јувентус одиграа нерешен исход 2:2 во вечерашниот натпревар од 14-тото коло во италијанската Серија А. Фудбалерите предводени од Тиаго Мота повторно не успеаја да победат на домашен терен и со тоа го забележаа и 9-тото реми оваа сезона

Резултатот го отвори Ндоје во 30-тата, додека пак во 53-тата минута Побега зголеми на 0:2 за гостите. До крајот на натпреварот Јуве ги зеде конците во свои раце и почна да реди шанси. Во 63-тата минута Копмајнерс постигна гол за намалување, а во судиското надополнување Мбангула донесе изедначување за Јувентус.

Со ова реми Болоња се наоѓа на 8-мата позиција со 22 бода, а Јувентус се наоѓа на 6-тата позиција со 27 бода.

ПретходноГРК Охрид без проблем против Прилеп, триумф за Пролет!
СледноГвардиола: Каква шампионска трка кога губиме четири меча и играме нерешено?