Мојсов: Многу значајна победа за Тиквеш

1036

Екипата на Тиквеш конечно освои три бода. И тоа на домашен терен. Заврши лошата, црната серија на кавадарчани, во последното коло од есенскиот дел од ПМФЛ шампионатот. Победена е Брера со 2:0, а со тоа падна и голем товар од плеќите на сите во „црвено – бел“ дрес.

„Имавме притисок не велам не. Сами се доведовме до таква ситуација. Поради неефикасност, нереализација, не валоризација на добрите игри и тоа во долг период есенва. На многу мечеви тоа не чинеше, бодови, победи. Конечно ете, погодивме, се израдувавме на победа. Многу важна за Тиквеш. Можам само да им честитам на моите фудбалери, дадоа се од себе, и денеска и во изминатите шест месеци, на секој меч. На моменти немавме среќа, на моменти самите сме си виновни, како денес така и претходно но нема предавање. Тиквеш заслужува да победува, Кавадарци заслужува да се радува. Одиме напред, нема предавање“ – изјави тренерот на Тиквеш, Ѓорѓи Мојсов по дуелот со Брера денеска за Спортспорт.

Со сигурност сега на Тиквеш му претстои најпрво одмор, а потоа сериозна анализа што и како понатаму во ПМФЛ шампионатот. Работата не е завршена, напротив, напролет тимот го чека сериозна работа, освојување на многу бодови и што побргу осигурување опстанок.

 

 

ПретходноЛандо Норис е победник во Абу Даби
СледноСосиедад фуриозно против Легањес