Уф, каков луд меч, каков екстра меч за Челзи. Тотенхем – Челзи 3:4, во битката за Лондон во дербито на 15.коло во Премиер – лигата. Нема дилеми, Челзи предводен од Енцо Мареска игра страшен фудбал оваа сезона.
Интересно, веќе во 11.минута „Спарси“ водеа со 2:0 со головите на Соланке и Кулушевски.
Но тогаш Кол Палмер и компанија како да рекоа – ДОСТА Е!
И тргна машината на Челзи да “меле“. Санчо, Палмер од пенал, Фернандез и повторно Палмер од пенал, инаку тој има 12 од 12 реализирани пенали, за 2:4. Домашните имаа сили само за ублажување на поразот и тоа со гол во 90+6.минута за конечни 3:4
Сега Челзи е само на четири бода минус од водечкиот Ливерпул, но и еден меч повеќе.