Нов хаос во Јунајтед – Ешворт ги издржа тензиите само пет месеци

817

Фрабрицио Романо, специјалистот за случуавњата во светот на фудбалот излезе со интересна информација. Тој тврди дека Манчестер Јунајтед останал без спортски директор.

„Земјотрес во Манчестер Јунајтед бидејќи Ден Ешворт ја напушта функцијата директор по 5 месеци! Голема тензија со сопствениците и заврши по неколку месеци, открива Атлетик“, пиша Романо на социјалните мрежи.

Ешворд пред да дојде во Јунајтед работеше во Њукасл. Тој немаше завидна играчка кариера и настапуваше за неколку англиски нисколигаши. Првата работа надвор од теренит ја доби на 29 години кога стана шеф на академијата на Падерборн.

Во 2019 година работеше во Братјон каде што му одеше навистина одлично за Њукасл да го доведе во 2022 година.

ПретходноВан Дајк ја одби првата понуда на Ливерпул
СледноКузмановски и Митревски – се двете имиња кои високо котираат во силната конкуренција во Лигата на шампиони!