Пелистер го урна Чаир!

108
Фото: АБА2-лига

Во едно од двете дербија на 9.коло во нашата кошаркарска елитна лига, вечерва во Битола домашниот состав на Пелистер успеа да слави против Чаир со 77:73. Со ова Пелистер дојде до шестиот триумф сезонава, и прв по четирите порази во сите натпреварувања. Ова е победа за прекинување на црната серија на битолчани.

Од друга страна ова е само втор пораз за чаирчани. Па така сега по ова коло ТФТ е сам на првото место со само еден пораз.

Домашните подобро го отворија мечот, ја добија првата четвртина со 22:13. Гостите “вратија“ со само поен плус во вториот период.

Затоа во третата четвртина уште повеќе ја намалија разликата а во последниот период сепак Пелистер знаеше како треба и успеа на крајот да победи со 77:73.

Треба да се каже дека мечот беше во прекин околу 15 минути во последната четвртина, но сепак продолжи и на крајот го имавме победникот.

Најефикасен кај Пелистер беше Бојиќ со 18 поени, додека исто толку кај гостите постигна Ролинс.

ПретходноТиквеш се изнамачи против Вардар, ама сепак победи….
СледноНикој никогаш веќе нема да ја носи “петката“ на Баерн Минхен! Еве и зошто….(ФОТО)